Било обично неделно попладне пред две недели кога еден човек влегол во ресторан во американскиот град Њу Хемпшир, седна во градината и нарача и изеде две виршли, а потоа остави бакшиш од дури 16.000 долари.
Покрај хот догс, тој нарачал чипс, кока-кола, пиво и чаша текила, кои најпрво ги плати 37 долари, а потоа дал бакшиш од 16.000 долари, објави Си-Ен-Ен.
– Не трошете сè одеднаш – се пошегувал човекот во разговор со келнерката, рече Мајк Зарела, сопственикот на ресторанот.
Келнерката не ја погледнала сумата сè додека клиентот не и даде знак да ја погледне сметката.
– Кога погледна на врвот, се шокираше. Таа рече „О Боже, не не, ова е лудо“. Девојките потоа заминале и му се заблагодариле на клиентот. Тие беа среќни – додаде Зарела.
Бакшишот бил оставен на 12 јуни, но Зарела досега не ја сподели приказната, бидејќи сакал да види дали ќе помине исплатата.
Кога ја видел, ја објавил сторијата на Фејсбук и разговараше со новинарите на Си-Ен-Ен.