Заев, Димитриевски и Мојсоски утре ќе го пуштат игралиштето во Соколана

Сподели со своите пријатели

Премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски утре ќе го пуштат во употреба реновираното игралиште во Соколана.

Loading...

Младинскиот центар е прв во државата согласно Законот за младинско учество и младински политики и стандардите за младински центри, како соодветен простор, каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку неформално искуствено учење низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од страна на младите, менторство, информирање.

Пуштањето во употреба на игралиштето во Соколана, како прва фаза од трите предвидени во проектот за реконструкција на овој грандиозен објект, каде се одржуваа единствените и неповторливи спортски турнири, како центар на внимание на спортската јавност во поранешна Југославија и културно-забавниот живот преку незаборавните матинеа и игранки, е особено значајно за спортскиот живот во нашиот град.

На настаните свои обраќања ќе имаат: Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, Премиерот на РСМ, Зоран Заев, директорот на АМС, Наумче Мојсоски.

Ќе бидат доделени признанија на најистакнатите спортисти од Куманово, кои добар дел од животот го поминале во Соколана и дале свој придонес за развој на спортскиот живот. Бидете дел од продолжувањето на традицијата во изградба на спортските капацитети и развивањето на спортот во Куманово, со цел што повеќе терени и спортски објекти, каде што ќе се одржуваат натпревари и ќе се слават победи.

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Leave a Reply