За среќа, повеќето од нас немаат идеја како е да се биде во затвор. Имаме некаков впечаток за тоа според она што го гледаме на филмовите, а поранешните затвореници на „Редит“ открија дека многу од она што го гледаме во филмовите и сериите не е точно.
Еве за што нè излажале од Холивуд.
- Свиркање во затвор
„Само што ќе ги натерате луѓето да почнат да викаат на вас. Звукот на свирче што минува низ цевките и звучи ужасно”.
- Нема решетки
„Сега решетките на прозорците и вратите се многу ретки. Тие главно се заменети со плексиглас”.
- Паѓање на сапун
„Ако испуштите сапун, тоа не значи дека некој автоматски ќе скокне врз вас“.
- Сексуална злоупотреба
„Честопати има некои мажи во затвор кои се навистина хомосексуалци и влегуваат во доброволни односи, ретко се случува да се случуваат сексуални напади, но ако се случат, тоа е најчесто затоа што некој би бил казнет, или поради одмазда“.
- Затворениците сакаат да работат
„Понекогаш дури се караат за тоа кој ќе ја заврши работата затоа што на сите им е досадно.
- Тие не создаваат проблеми
„Повеќето затвореници едноставно сакаат да си ја завршат својата работа и да си одат дома. Ретко ќе предизвикаат проблеми од која било причина. Намалувањето на казната за добро однесување е награда за нив”.
- Без ќотек
„Некој ќе ве претепа ако сте педофил, член на ривалска банда или ѓубриња од човек што им создава неволја на другите. Ако си ја терате вашата работа и покажувате почит кон другите, вашиот живот ќе биде многу досаден (како и што е во затвор) “.
- Многу луѓе имаат ментални нарушувања
„Половина од затворениците имаат некакво ментално растројство, не само неколку луѓе како што обично гледаме во филмовите, за да се направи заговорот поинтересен“.
- Мирис
„Знам дека ова е тешко да се замисли, но филмовите не можат да пренесат како мириса во затвор. Тоа е комбинација на многу силен мирис на телото и ѓубре, а лошата вентилација не придонесува ниту за тоа. Навистина е одвратно”.
- Тушеви
„Слушнав дека има некаде групни тушеви, но во затворот во кој бев тие беа одделени со завеси. Најлошиот дел од туширањето во затворот е тоа што треба да го притискате копчето за ослободување вода на секои 15 секунди“.