Во пожар уништени материјал и кровна конструкција на фирма од Куманово

Сподели со своите пријатели

Фирма од Куманово викендов остана без својот материјал и кровната конструкција на објектот, откако истите биле зафатени од пожар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во фирма лоцирана на улицата „Индустриска“ бил опожарен градежен материјал – даски и кровната конструкција.

На терен со едно противпожарно возило интервенирале четворица пожарникари во период од 17:00 до 17:35 часот.

Причината за избувнување на пожарот и висината на материјалната штета, дополнително ќе се утврдуваат, велат од РЦУК.

Никола Ивановски

Leave a Reply