Драги Рашковски поднесе оставка од функцијата во Владата

Сподели со своите пријатели

Драги Рашковски во објава на Фејсбук изутринава напиша дека се повлекува од функција Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата на С. Македонија.

Loading...

Тој во објавата го сподели  писмото што го упатил до премиерот каде ги објаснува причините за, како што наведува, неотповикливото повлекување од функцијата. Споделеното писмо е со датум од 12-ти месецов.

-Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест, напиша Рашковски на ФБ.

Државната комисија за спречување на корупцијата на 10-ти минатиот месец отвори предмет  за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот којшто го распишал  Драги Рашковски како генерален секретар на Владата, а се проверува и имотната состојба што ја пријавил во анкетениот лист. Основното јавно обвинителство за организиран криминал на 18 минатиот месец отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот, а на 9-ти месецов беше извршен претрес во просториите на фирмата „Инвока груп“ од која е купен софтверот.

 

Leave a Reply