По интервјуто на Хари и Меган се огласи и кралицата: Еве што порача!

Сподели со своите пријатели

Британското кралско семејство одговори на тврдењата на Меган Маркл (39) и принцот Хари (36) во интервју кај Опра Винфри.

Loading...

Имено, кралското семејство издаде соопштение во врска со нивните изјави во шоуто.

– Целото семејство со тага го прими сознанието за тоа колку биле предизвикувачки последните години за Хари и Меган. Прашањата што ги допреа, особено оние што се однесуваат на расата, се загрижувачки. Иако можеби се сеќаваме на некои настани на различни начини, сигурно се однесуваме многу сериозно кон нив и семејството ќе им се обрати приватно – пишува во официјалното соопштение потпишано од кралицата Елизабета Втора.

Да потсетиме, Меган Маркл изјави дека за време на бременоста со Арчи размислувала за самоубиство, додека Хари истакна дека морале да се оддалечат за да го спасат семејството.

Тие наведоа дека во палатата се воделе разговори за тоа колку ќе му биде темна кожата на бебето кога ќе се роди.

Leave a Reply