Досега непознат вид на метеорит откриен во Велика Британија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Парчиња метеорити се пронајдени во Глостершир, Велика Британија, а научниците се особено возбудени, бидејќи станува збор за редок вид вселенска карпа, т.н. јаглерод хондрит, материјал кој содржи непроменета хемиска структура од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години. пишува Гардијан “.

Loading...

Весникот наведува дека фрагментот тежок скоро 300 грама и други парчиња вселенска карпа биле лоцирани откако научниците ја реконструирале траекторијата на огнената топка што го проби звучниот ѕид нешто пред 22 часот по британско време, во недела на 28 февруари.

Научниците од природно-историскиот музеј во Лондон потврдија дека црно парче карпа, јаглероден хондрит што никогаш порано не било видено во Велика Британија, удрило на пат во близина на градот Викомб и додале дека во близина се пронајдени повеќе фрагменти, според Гардијан .јавува Танјуг.

Ешли Грин, научник од музејот, за британскиот весник изјави дека и се остварил сонот да биде една од првите луѓе што го виделе и проучиле овој многу редок метеорит, што го нашле веднаш по падот.

 

Leave a Reply