Средба со диво животно за време на возење по патишта далеку од градовите не е невообичаено и е многу чувствителна ситуација и може да биде опасно.
„Дашкам“ камера од автомобил во Полска сними ненадејна „блиска средба“ помеѓу возач на и група елени кои одеднаш се обидоа да го поминат патот со голема брзина.
Возачот притиснал на сопирачката за да избегне судир со првиот од нив, кој излетал од шумата на улицата, но целото стадо го следело.
Тогаш елените почнале да трчаат по улицата, а некои од нив дури и скокнале високо за да избегнат удар во БМВ-то.
Еден од елените имал помалку среќа и „слетал“ веднаш на капакот на багажникот и задното стакло на овој автомобил од Серија 5.
Очигледно преплашен, еленот скокнал од БМВ-то и се вратил во шумата. Најмалку десет елени успешно ја поминале улицата и исчезнале во шумата.
Ако погледнете внимателно, ќе забележите дека елените го оштетиле и возилото.