Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи два степени над нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе биде за седум степени пониска.
Никола Ивановски