Поради дефекти во дистрибутивната мрежа во текот на денешниот ден без вода во Куманово ќе бидат шест локации.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Миле Кипра“, „Егејска Македонија“, „Веселин Маслеша“, населбата Ајдучка Чешма, улица „441“ во населбата Иго Тричковиќ и улицата „Милан Лисица“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски