Над рамената, таа била класична жена од едвардијанскиот период, но нејзиното тело покриено со тетоважи и фустан без прерамки, Мод Вагнер ја правело да изгледа како да е родена еден век подоцна. Првиот мајстор за тетоважи во САД заедно со нејзиниот сопруг го отвориле патот кон уметноста на сликање на тело, што ќе достигне огромна популарност неколку децении подоцна.
Мод Вагнер (родена Стивенс) била родена во Канзас во 1877 година работела во циркус, како акробат, патувајќи низ Америка. Номадскиот циркуски живот и ја одредил судбината, затоа што го запознала својот иден сопруг на едно од патувањата.
Тоа бил Август „Гас“ Вагнер, кој пловел по светот на крајот на 19 век и се вратил дома со околу 300 тетоважи на телото. Двајцата се сретнале на Светскиот саем во Сент Луис во 1904 година, во време кога тој исто така патувал низ Америка, будејќи го ентузијазмот кај луѓето за неговите вештини. Тој тврдел дека занаетот за тетовирање го научил од началниците на азиските острови Јава и Борнео. Фасциниран од цртежите на неговото тело, Мод се согласила да излезе на дејт со Гас, во замена за час по тетовирање и така започнала нивната авантура. Двојката се венчала неколку години подоцна, по што ја добиле ќерката Лотева, која тргнала по стапките на нејзините родители и станала уметник за тетоважи на деветгодишна возраст.
Гас првпат се сретнал со тетоважи на дванаесет години, кога видел циркуски изведувач познат како „Капетан Контентенус, грчки Арбанас“. Тој му се восхитувал на овој човек, кој тврдел дека кинеските Татари го киднапирале и го истетовирале против негова волја. По неколку години, Гас, како поморски трговец, започнал да го учи овој занает со домородните жители на Јава и Борнео, со помош на рачно изработени алатки. Кога се врати во својата татковина, тој бил подготвен да остави трага во растечката американска култура на тетовирање.
Уникатната техника на Гас и Мод Вагнер
Како чирак на нејзиниот сопруг, Мод учела традиционална уметност на рачно боцкани тетоважи. Иако наскоро станале достапни машини за тетовирање, Вагнерови практикувале старомоден начин на цртање по телото, а Мод наскоро и самата станала истакнат мајстор на занаетот. Повеќето, ако не и сите, тетоважи на нејзиното тело биле дело на нејзиниот сопруг. Диви и митски животни од далечни земји, егзотични растенија, домородни жени и зборови, како и нејзиното име, биле нацртани на телото на Мод Вагнер. Вагнерови се заслужни за ширење на уметноста на тетовирање низ цела Америка, на самиот почеток на 20 век. Тие исто така биле последните двајца уметници кои работеле исклучиво со рачна техника , без современа технологија, што ја направила нивната работа подетална и нивното производство покомплицирано. Иако не е познато дали има фотографија или скица од работата на Мод Вагнер, поинформираните луѓе тврдат дека нејзиниот стил бил ист со стилот на нејзиниот сопруг.
Кога решиле да ја завршат својата кариера во циркусот, Вагнерови продолжиле да патуваат низ САД, работејќи како тату мајстори во ноќни клубови или саеми. Гас Вагнер починал во 1941 година, а неговата сопруга во 1961 година, оставајќи ја ќерката Лотева, која следејќи ги стапките на нејзините родители, станала врвен уметник за тетовирање. Интересно е што Лотева немала никакви тетоважи на своето тело. По раѓањето на нивната ќерка, Мод му забранила на нејзиниот сопруг да црта по телото на малата Лоте, сакајќи тоа да биде исклучиво нејзина одлука, кога таа ќе порасне. Сепак, по смртта на нејзиниот татко, Лотева ветила дека ако нејзиниот татко не може да ја истетовира, никој нема да може, па така, што е невообичаено за уметникот за тетоважи, таа била без капка мастило по телото.