НАУЧНИЦИТЕ го пронајдоа најмалиот рептил на светот: Камелеон помал од 2 сантиметри! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Мадагаскар е пронајден рептил, за кој научниците веруваат дека е најмал во светот, а станува збор за подвид на камелеон чие тело е долго само 13,5 милиметри.

Loading...

Два мали влекачи од видот Brookesia nana, чии членови се познати и како нано-камелеони, биле откриени од членовите на тимот на германско-мадагаскарската експедиција, пишува Би-Би-Си. Мажјакот имал тело долго само 13,5 милиметри, што го прави најмал меѓу околу 11.500 познати видови влекачи. Неговата должина од главата до крајот на опашката е 22 милиметри.

 

 

Женката е малку поголема, околу 29 милиметри, а научниците наведуваат дека други примероци сè уште не се пронајдени. Камелеонот е пронајден сам во занемарените дождовни шуми на северот на Мадагаскар, а може да му се закани и истребување, предупредуваат научниците.

Оливер Хавличек од Центарот за природна историја во Хамбург, сепак, тврди дека областа неодамна била ставена под заштита и дека видовите ќе успеат да преживеат. Истражувачите откриле дека камелеоните се хранат со грини од земјата и се кријат во тревата ноќе од предаторите.

Тие предложиле камелеонот да се стави на список на критично загрозени видови за да се помогне во зачувувањето на неговото природно живеалиште.

Loading...

Leave a Reply