Дома отпечатил лажни пари, па со нив одел по проститутки

Сподели со своите пријатели

Маж и платил на жена 2.000 лажни евра за време на првиот состанок, а после тоа и 10.000 лажни швајцарски франци на друга проститутка.

Loading...

Откако 50-годишен маж потрошил лажни пари во вредност од 85.000 куни на проститутки, тој бил осуден на три години условна казна затвор во судот во Швајцарија за измама, печатење пари и пуштање во промет.

Парите што ги отпечатил дома биле толку лошо направени „што дури и слеп човек можел да примети дека се лажни“, рече претседателот на судот во Базел.

 

 

Измамата била откриена откако една жена се обидела да внесе фалсификувани пари на нејзината банкарска сметка следниот ден откако ги примила.

Откако не успеала да ги префрли парите на банкомат, 39-годишната жена ги пријавила необичните банкноти во полиција.

Loading...

Тие пари биле искористени во два наврати, за да се плати секс со две жени.

На суд, 39-годишната девојка рекла дека ги добила банкнотите затоа што изгледале како вистински „во лоши услови на светло“ во домот на мажот, пишува Локал.

 

 

Адвокатите на обвинетиот го бранел дека жената доброволно ги добила парите и покрај тоа што било јасно дека се лажни.

Во неговата куќа полицијата открила повеќе фалсификувани банкноти, кои тој ги испечатил на домашен печатач.

Проституцијата во Швајцарија е легална и регулирана и има неколку лиценцирани бордели низ целата земја, претежно во Цирих.

Loading...

Leave a Reply