Минатиот месец, според индиските медиуми, очаен човек од Газијабад и се обратил на локалната полиција и објаснил дека тој и неговото семејство станале жртви на хакерски напад и дека безмилосните изнудувачи не престануваат да им го загрозуваат животот.
Раџив Кумар се пожалил дека неговата сметка по е-пошта била хакирана на 1 јануари и оттогаш добивал закани и финансиски барања од група хакери. Криминалците барале милион рупји, а доколку Кумар не го исполнел ова барање, тие се заканувале дека ќе ги објават неговите експлицитни фотографии, а потоа ќе ги убијат него и неговото семејство, пренесува „Одити Централ“.
Човекот првично ги игнорирал заканувачките мејлови, но кога хакерите почнале да го шпионираат и на неговиот мобилен телефон, сфатил дека работата е сериозна. Наскоро се покажало дека група криминалци го следат секој потег на неговото семејство, па тој решил да го пријави случајот во полиција.
Случајот бил регистриран во Одделот за прекршоци, а хакерите можеле да бидат обвинети за заплашување, навреда, уцена, повреда на правата на приватност и повреда на мирот.
Сепак, пресвртот се случил кога полицијата утврдила дека ИП-адресата од која се испраќале е-пошта за изнуда е иста со адресата на жртвата, што значело дека од неговата куќа биле испраќани заканувачки пораки.
„Индија денес“ пренесува дека полицијата го испрашала 11-годишниот син на Кумар, кој признал дека тој е тој кој го уценувал семејството. Ученик од 5 одделение рекол дека го „научил“ сајбер криминалот гледајќи видеа и упатства на Јутјуб, а притоа и како да ги покрие трагите.
Понатамошната истрага за овој случај е сè уште во тек.