„Силен појадок за силни луѓе“. Рецептот за јајце во дупка (egg in a hole) е исклучително едноставен и не ви треба многу време за подготовка.
Состојки:
Тост
Јајце
Сланина
Подготовка:
Земете една од оние тави со нелеплива површина, додадете путер или малку свинска маст, а доколку во моментот ги немате во кујната, ќе ви послужи и обично масло. Загрејте ја тавата. Ставете ја сланината и испржете ја. Испржете го лебот од двете страни на маслото , на кој претходно сте направиле круг. Скршете го јајцето во средината на кругот и додадете сол, бибер и зачини што сакате да ги ставате при подготовка на јајцата. Пржете околу една минута или две, а потоа свртете на другата страна.
Ако сте креативни од раните утрински часови, можете да направите и форма на срце во внатрешноста на лебот.