Женката по име Бончук чекала пред болницата во Турција скоро една недела, се додека нејзиниот сопственик не излегол по третманот поради проблеми со мозокот.
Бончук, што на турски јазик значи „бисер“, била наградена за нејзината лојалност со емотивна средба со сопственикот Кемал Сентурк (68), кога тој конечно излегол од болницата во градот Трабзон во североисточна Турција.
Сентурк бил пренесен во болница на 14 јануари поради мозочна емболија, а Бончук, која го добила името по кафеавите очи, ја следела Брзата помош.
Loyal Dog Chases After Ambulance And Spends Six Days Outside Turkish Hospital Waiting For Sick Owner https://t.co/YLKuA2vtnn pic.twitter.com/f3w4p1vq76
— Andy Vermaut (@AndyVermaut) January 22, 2021
Оттогаш, таа се враќала секој ден и чекала пред болницата, а вработените понекогаш ја хранеле.
Ќерката на Сентурк неколку пати се обидела да ја врати дома, но секој пат бегала за да се врати во болницата.
Кога Кентурк конечно излегол од болницата оваа недела, Бунчук истрчала околу неговата инвалидска количка, скокнала да ја помаза и замавнала со опашката.
– Тоа го прави човекот да се чувствува многу среќен. Тоа куче е многу блиско со нас, како човечко суштество, и јас сум многу среќен поради тоа – рекол Сентурк.