НАЈГОЛЕМИТЕ УБИЈЦИ НА ИМУНИТЕТОТ: Ги користиме секојдневно!!!

Сподели со своите пријатели

Правилната исхрана е една од најважните работи во одржувањето на силен имунитет, а ние често правиме големи грешки затоа што конзумираме пијалоци или храна што ја ослабуваат отпорноста на организмот.

Loading...

Сега е поважно од кога било порано да се земе предвид она што е на нашето мени.

„Заедно со сонот, вежбањето и намалувањето на стресот, содржината на вашата исхрана во голема мера влијае на тоа колку сте подготвени да се борите против болести“, вели д-р Марџ Зајдел.

 

 

„Редовната диета која вклучува овошје, зеленчук, протеини со малку маснотии, житарки и јаткасти плодови, ќе осигури дека вашиот имунолошки систем е лесно заштитен кога е најпотребно. Од друга страна, лошата исхрана ги зголемува шансите да се разболите.

Таа издвои некои од најштетните намирници.

Loading...

Газирани пијалоци

„Газираните пијалоци засладени со шеќер не ви даваат ништо друго освен празни калории од шеќер. Покрај тоа што придонесува за дебелина и хронични заболувања поврзани со потиснат имунолошки систем, прекумерниот внес на шеќер ја зголемува можноста за воспаление и ја намалува нашата способност да се бориме против болести “, вели Зајдел.

Алкохолни пијалоци

„На долгиот список на работи за кои не треба да пиете алкохол, додадете го слабеењето на имунитетот. Прекумерната употреба на алкохол ја ослабува отпорноста на вашето тело и го зголемува ризикот од пневмонија и други проблеми со белите дробови, побавно заздравување на раните и побавно закрепнување од болест “, напоменува Зајдел.

 

Замрзната храна

Ова првенствено се однесува на замрзнати готови јадења, кои имаат минимална хранлива вредност.

Loading...

„Иако ова некогаш ќе ви изгледа како одлично решение, бидејќи брзате и немате време, ваквата храна нема да го заштити вашето семејство од болести. Ќе добиете сол, шеќер, заситени масти и рафинирани јаглехидрати, со малку хранливи материи и растителни влакна. Не е ракетна наука, ако сакате силен имунитет, јадете необработена храна “, заклучи Марџ Зајдел.

Leave a Reply