Памела Андерсон по шести пат рече ДА: Овој пат е сигурна дека бракот ќе трае засекогаш!

Сподели со своите пријатели

53-годишната актерка, Памела Андерсон се омажи по шести пат. Според странските медиуми, таа тајно се омажила за својот телохранител Дејн Хејхурст, а тие се венчале во нејзиниот дом, на островот Ванкувер.

Loading...

– Се омажив на имот што го купив од баба и дедо пред 25 години. Моите родители се венчаа тука и тие се уште се заедно – вели Памела за „Дејли меил“, додавајќи дека сега се чувствува како да „направила целосен круг“.

– Сега сум токму онаму каде што требаше да бидам, во рацете на човек кој вистински ме сака – рече Памела. Таа стапи во врска со телохранителот откако се разведе од сопругот Џон Питерс, со кого помина само 12 дена во заедницата.

 

 

Да потсетиме, Памела првпат се омажи за Томи Ли. Со него ги има синовите Брендон (23) и Дилан (11). Потоа се омажи за Кида Рока. Таа беше омажена и за музичкиот продуцент Рик Соломон – се омажи за него во 2007 година, го поништи бракот и повторно се омажи за него во 2013 година.

Потоа во 2020 година се омажи за Питерс, кој тврди дека Памела го оставила откако и ги исплатил долговите, но таа тоа го негираше. Додека Памела сега е омажена за телохранителот, Питерс се вратил кај својата поранешна вереница, која ја оставил поради Памела.

Loading...

Leave a Reply