Уапсен бил 16-годишник во Сингапур затоа што наводно планирал напад на две џамии на 15 март, на годишнината од терористичкиот напад во Крајстчрч, Нов Зеланд, пренесува Би-Би-Си.
Тинејџерот наводно бил инспириран од Брентон Тарант, убиец од Крајстчрч, и тој планирал да ја прободе својата жртва со нож и да го пренесе нападот во живо.
Властите не го соопштија идентитетот на 16-годишното момче, но било објавено дека тој бил член на протестантската црква.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека тој бил мотивиран од силна омраза кон исламот и фасциниран од насилство.
Нападот во Крајстчрч беше најтешкото масовно убиство во историјата на Нов Зеланд.
Беше убиено 51 лице во две џамии на 15 март 2019 година, а напаѓачот Тарант беше осуден на доживотен затвор без можност за условна казна.