Кога станува збор за звуците што ги произведуваат мачките, постојат три главни звуци: мјаукање, предење и сиктање.
Но, мачките всушност имаат прилично количество вокабулар и користат многу различни звуци за да комуницираат со нивните сопственици, но и едни со други.
Токму снимка од една таква комуникација помеѓу две мачки стана хит на интернет.
Имено, две мачки седат една спроти друга и мјаукаат. Тие очигледно зборуваат за нешто возбудливо, бидејќи тие самите изгледаат и звучат возбудено.
Но, многу луѓе ја забележаа третата мачка во позадина, која збунето го гледаше целиот разговор.
„Мачката во позадина само сака да спие“, „Оваа мачка во позадина е дефиниција за гледање на својата работа“, „Третата мачка размислува како за што по ѓаволите зборуваат вака“, „Третата мачка е изнервирана и на нејзиното лице се гледа, „Ова е премногу добро, не можам да престанам да се смеам“, „Ова е најдоброто нешто“, се само дел од коментарите.
Видеото досега го погледнале скоро 147.000 луѓе.
View this post on Instagram