Една мајка го изгубила својот двегодишен син во продавницата од ланецот Кмарт, но бргу го пронашла благодарение на паметниот трик што го научила на ТикТок.
Веднаш штом забележала дека нејзиното дете го нема, таа притрчала до бирото за информации и им дала на вработените опис на момчето за да се осигура дека нема да излезе од продавницата само или со странец.
Иако била преплашена, таа се присетила на идејата од блогерот Џес Мартини, кој ги советува родителите да реагираат веднаш со тоа што ќе почнат да го извикуваат името на детето, игнорирајќи ги реакциите на луѓето околу.
Имено, Мартини тврди дека метежот ќе го одврати потенцијалниот киднапер од неговиот план.
„Го изгубив синот, тој има жолта кошула и кафеава коса. Неговото име е Нејтан и има две години”, опиша мајката и беше воодушевена кога ги видела луѓето како престануваат со купување за да и помогнат да го најде малиот син.
Се испоставило дека трикот успеал затоа што неколку минути подоцна еден човек го забележал Нејтан и го поврзал со неговата мајка.
Жената го сподели своето искуство во една родителска група и ги покани другите родители да го следат нејзиниот пример ако нивните деца некогаш залутаат.
„Тие 10 минути, сè додека го баравме, беа 10-те најстрашни минути во мојот живот“, напиша таа.
„Ги советувам сите родители, доколку некогаш се најдат во слична ситуација, да не бараат дете во тишина или тивко да го повикуваат неговото име. Викајте гласно и јасно. Дајте им на другите опис на детето и повторете го”, додаде таа.
Таа посочува дека на тој начин ќе ги алармирате сите во оваа средина да погледнат наоколу и да ги намалите шансите некој да го одведе вашето дете во непознат правец.
„И јас го видов тоа видео и веднаш се сетив на советот. Неверојатно е колку паметни идеи може да се најдат на интернет. Ти си одлична мајка“, коментираат другите родители кои ја пофалија нејзината реакција.
@jesmartiniReposted bc its so impt and I want as many parents to see it as possible- cc this time #momsoftiktok #fyp #foryou #psa #dadsoftiktok #besafe