Во Баварија трае пилот програма, која работи со голем успех веќе една година. Патната служба во Динголфинг користи вода од краставица наместо класична сол за да ги одржува патиштата безбедни во зима.
Отпадните води генерирани како производ на производство на кисели краставички од производителот на сувомесни производи „Девели“ сега ја заменуваат класичната сол за одмрзнување на патот, пренесува ХАК магазин.
Иако водата од краставица што содржела сол досега се отстранувала преку канализациониот систем, сега се прска по патиштата.
Во посебна постројка, водата се третира, чисти и се доставува до работниците во сообраќајот како саламура. Рециклирање на солена вода ќе ја намали вкупната количина на сол ослободена во околината.
Водата од краставица е доволна за снабдување на магацинот за одржување на автопатот во радиус од 85 километри од Динголфинг во текот на целата зимска сезона.
Солта е огромен товар на животната средина. Баварското Министерство за домување, градежништво и транспорт годинава очекува да заштеди 700 тони сол и 4,9 милиони литри вода со пилот-проектот.
Одгледувачот на краставици, од друга страна, треба да вложи многу помалку пари во третман на отпадни води.