Роботот што сакаше да го уништи човештвото „добива семејство“: Пристигнуваат нови модели! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За индустријата за роботика, корона кризата е одлична можност, а така мисли и Хансон Роботикс од Хонг Конг.

Loading...

Можеби ова име не ви значи премногу познато, но тоа е токму компанијата зад веројатно најпознатиот хуманоиден робот во светот – Софија, која, меѓу другото, се прослави велејќи дека луѓето треба да бидат уништени.

Основачот и прв човек на компанијата, Дејвид Хансон, изјави за странските медиуми дека светот по Ковид19 ќе биде друго место, каде што некои работи ќе се променат, а една од нив е потребата за повисоко ниво на автоматизација.

Можностите што им се отвораат на роботите се големи, а самата Софија вели дека роботи како неа можат да се користат во здравството, но и за грижа на стари и болни лица.

Хансон вели дека неговите роботи се уникатни затоа што навистина изгледаат како луѓе: Ова може да биде многу корисно во овие времиња кога луѓето се чувствуваат осамени и социјално изолирани, пренесува Зимо.

Јохан Хорн, професор по социјална роботика, кој исто така ја проучувал Софија, се согласува.

Тој вели дека иако самата роботика е сè уште во почетна фаза, пандемијата навистина може да ја зголеми врската помеѓу луѓето и роботите.

Сепак, здравството е само една од индустриите во кои роботите би можеле да помогнат, па Хансон најави производство и продажба на илјадници роботи, „големи и мали“, за различни сфери на деловно работење – од авијација до малопродажба.

Loading...

Еден од новите роботи што ги развиваат е Грејс, кој ќе се појави на пазарот оваа година, а ќе биде наменет за здравствениот сектор.

Leave a Reply