ВЕЧНО ПРАШАЊЕ: Што го прави некој добар во креветот?

Сподели со своите пријатели

Вечното прашање е што е тоа што некого го прави добар во кревет. Дали се работи за сексуални вештини, заводлив поглед, воздишки или нешто четврто?

Вистината е дека тоа обично нема никаква врска со сексот, туку со пристапот и карактерот на личноста.

Сексот е првенствено во главата, а за да биде добар, најважна е хемијата помеѓу две лица, но и овие 10 квалитети, пренесува порталот Your Tango.

 

 

1. Подготвени сте да учите.

2. Разиграни и страствени.

3. Покрај вас вашиот партнер/ка се чувствува секси.

4. Вие сте самоуверени и не се плашите да бидете ранливи.

5. Авантуристички сте и сакате да експериментирате.

 

 

6. Зборувате за вашите потреби и ја слушате другата страна.

7. Имате време и не брзате со секс.

8. Уживате да давате задоволство исто колку и да го примате.

9. Вие поддржувате и не осудувате.

10. Целосно сте присутни во тие моменти.

 

 

Техниката, добра хигиена, карактер и хемија меѓу две лица се важни фактори, но сексуалната интимност што го прави сексот фантастичен е многу повеќе од тоа. Расте и се множи со добро, споделено искуство, разговор и работа на себе.

Она што ја намалува нашата сексуална вештина е недостаток на време, самоцентричност, инхибиции, недостаток на техника и „мозок кој не сака да се затвори“, така што не можете целосно да уживате во моментот на секс.

Покрај тоа, многумина од нас не мислат за себе дека се секси, а модерните и наметнати идеали за убавина се особено виновни за ова.

 

 

Освен тоа, некои се воспитани да мислат дека сексот е нешто валкано и срамно, и тоа е огромна ментална сопирачка што го намалува сексуалното задоволство.

Leave a Reply