Еден гол маж бил уапсен на Флорида откако украл полициски автомобил, а потоа завршил заглавен во шума покрај патот.
Службениците на канцеларијата на шерифот во Флорида рекоа дека 22-годишниот Џошуа Шенкер е уапсен откако полицијата пријавила дека гол маж трча по патот.
Кога полицијата пристигнала на пријавената локација, Шенкер лежел гол на патот.
Властите потврдија дека тој украл возило од градот Џексонвил, додека снимките од локалните вести покажуваат дека станува збор за обележан полициски автомобил.
Полицијата не утврди како е украдено возилото.
Во полицискиот извештај се наведува дека возилото, со кое Шенкер удрил во дрвјата во шумата во близина на автопатот, било оштетено во износ од околу 10.000 американски долари.
Шенкер е префрлен во локалната болница во знак на претпазливост, а полицијата забележала дека страда од осип, бидејќи го пронашла гол на патот.
Полицијата се сомнева дека Шенкер бил „можеби пијан или под дејство на наркотици“, бидејќи добиле впечаток дека се наоѓа во состојба на делириум.
22-годишникот на крајот бил обвинет за кражба на моторно возило, одземање на службено возило и опрема, како и отпор при апсење – без насилство.
На Шенкер му била одредена кауција од 4.011 долари.