Австралиец одгледа тиква од 867 килограми!

Сподели со своите пријатели

Австралискиот градинар постави нов рекорд на јужната хемисфера на планетата Земја затоа што успеа да одгледа тиква тешка неверојатни 876 килограми.

Loading...

Дејл Оливер од градот Нокроу, Нов Јужен Велс, влезе со својата џиновска тиква на Конкурсот за тиква Самерленд во Килог.

Неговата џиновска тиква тежи 876 килограми, надминувајќи го претходниот австралиски рекорд од 289 килограми, кој исто така го постави Оливер.

Организаторите на натпреварот за тиква изјавија дека огромната тиква на Оливер е нов рекорд за Нов Јужен Велс, Австралија како и за целата јужна хемисфера на планетата Земја.

 

 

Оливер рече дека неговата тиква ќе била уште поголема ако нејзиниот раст не бил забавен од топлотните бранови што се случуваат деновиве во Австралија.

Loading...

Оливер изјави за австралиската РТВ станица: “Штета што ја добивме топлината. Можеби тиквата ќе отидеше уште подобро и ќе беше поголема”.

Leave a Reply