Иако жените се претежно жртви на сексуална дискриминација, еден маж го почувствува тоа на своја кожа.
Имено, Нил Меклементс (50) аплицирал за работа во фондацијата Гај и Сент Томас сопственост на британската национална здравствена служба. Иако бил најдобар кандидат, тој не ја добил работата.
Раководството на фондацијата во Лондон сметала дека 50-годишникот нема да се вклопи добро меѓу неговите колешки кои биле во своите 30-ти години. На судењето било речено дека овој татко на две деца воопшто не е сличен на младата жена до чија работа требаше да дојде, пишува Метро.
Нил Меклементс беше одбиен по телефон, а жената која требаше да му биде шеф изјави дека ќе се срами да даде задачи на некој што е доволно стар за да има 11-годишна ќерка.
Тој поднесе тужба, а судот пресуди во негова корист, прогласувајќи го за жртва на годишна и родова дискриминација. Меклементс студирал деловно училиште на Универзитетот во Кембриџ и бил интервјуиран за работата во јули 2018 година. Тој требало да добие плата од 40 000 фунти годишно.