Една Канаѓанка се сетила на неконвенционален начин да се заобиколи мерката полициски час, за што ќе треба да плати висока парична казна.
Откако започнал полицискиот час, таа била надвор од нејзиниот дом и држела поводник на кој, наместо куче, бил врзан маж, соопшти полицијата.
Кога полицијата истакнала дека го крши полицискиот час, жената рекла дека „само го шета своето куче“.
Полицијата имала впечаток дека жената сака да го тестира трпението на полицијата, изјави портпаролката на полицијата Изабел Гендрон.
Oh, Canada.
Bad Dog.https://t.co/bkCB35TKGz
— KΞVιπ BLλKΞM4N (@Hirsutable) January 12, 2021
Овој чуден настан се случил во Шербрук, 150 километри источно од Монтреал.
Канаѓанката сега ќе мора да плати казна од 1.500 канадски долари за шетање на партнерот на поводник, за време на полицискиот час.
Според Гендрон, таа изјавила дека тие одбиле да и ја ограничат слободата на движење поради заштита од ширење на вирусот.
Таа на полицијата и соопшти дека ќе излегува секоја вечер за време на мерката за заклучување.
Во провинцијата Квебек, каде што живее, на граѓаните не им е дозволено да ги напуштат своите домови во периодот од 20 до 5 часот наутро, а таа мерка е во сила уште четири недели.