Јапонија, Сингапур, Германија и Јужна Кореја се четирите земји кои имаат најдобри пасоши во светот, објави Henley Passport Index.
Пандемијата на конронавирусот го отежна патувањето минатата година поради различните блокади, а сигурно е дека тоа ќе го отежни патувањето и оваа година, како и во наредните години, па дури и со децении, пишува Си-Ен-Ен.
Сепак, Henley Passport Index објави список на земји со најдобри пасоши во 2021 година, кои не ги земаат предвид привремените ограничувања на различни земји.
Според истражувањето на „Henley & Partners“, азиските граѓани сè уште ги имаат „најпријателските“ патни исправи во светот.
Граѓаните на Јапонија можат да патуваат во 191 земја без потребната виза, додека граѓаните на Сингапур можат да патуваат во 190 земји, а Германците и Јужнокорејците на 189 дестинации.
Македонија е на 45то место со можност за патување без виза во 124 земји, српскиот пасош е на 38. место на листата со 134 дестинации, Хрватска е на 18-то место со 171 земја каде нејзините граѓани можат да одат без виза, Црна Гора е на 45-та со 124 безвизни дестинации, БиХ на 49-та со 117, Словенија на 12-та со 180 достапни земји.
Унгарија е на десетто со 182 дестинации, Романија на 17 со 172, Албанија на 52 место со 114 земји кои не бараат виза за влез на нејзините граѓани…
На последното, 110-то место на таа листа е Авганистан, од која граѓаните можат да патуваат во само 26 земји без виза, а му следува Ирак со 28 безвизни дестинации, Сирија со 29, Пакистан со 107…
Секоја година, Henley Passport Index ги рангира сите светски пасоши според бројот на дестинации до кои можат да пристапат нивните сопственици без претходна виза.