Досега тоа не им паднало на памет, но властите на американската држава Флорида сериозно размислуваат да започнат да подготвуваат месо од питон и да го сервираат во ресторани.
Loading...
Во моментот, како што пренесуваат американските медиуми, во тек се тестови за да се утврди дали месото од питон има премногу жива во него, односно дали е безбедно за јадење.
Властите се одлучија на овој потег бидејќи со години имаат големи проблеми со бурманскиот питон. Не е автохтон вид, односно е донесен однадвор и претставува сериозна закана за рамнотежата во флората и фауната на Флорида.
Значи, логиката е јасна – тие добиваат нов извор на храна, се борат против огромен питон, што е вистински штетник во нивните шуми и мочуришта.