Обезбедени дополнителни вакцини против сезонски грип за Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство обезбеди дополнителни 1.100 дози вакцини против сезонски грип за Куманово, информираа денеска надлежните од Здравствен Дом, чиишто екипи ја спроведуваат вакцинацијата наменета за неколку категории граѓани.

Loading...

Вакцинацијата се спроведува во пунктот „Тоде Мендол“.

– Матичните лекари можат да обезбедат термин преку „Мој термин“ за неколку категории граѓани, лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца до шест години. Вакцинацијата ќе се спроведува секој работен ден од 08 до 16 часот-изјави началничката на превентивна медицина од Здравствен Дом Куманово, Снежана Јовановска.

Првично, за Куманово во ноември беа доделени 700 бесплатни вакцини за овие категории граѓани. Во меѓувреме, во Центарот за јавно здравје Куманово се врши вакцинација со комерцијални вакцини  против сезонски грип.

Александра Максимовска

Leave a Reply