Зошто е добро во креветот да спиете со вашето куче?

Сподели со своите пријатели

Кога станува збор за сопствениците на миленичиња, многумина имаат одредени правила за тоа каде им е дозволено да бидат нивните миленици и како мораат да се однесуваат во нивното домаќинство.

Loading...

Многу миленичиња не се дозволени во спалните соби. Сепак, новото истражување ќе ве принуди да ја преиспитате својата позиција во врска со тоа правило, пренесува Мирор.

Според истражувањето објавено во 2018 година од група истражувачи, спиењето во ист кревет со куче е всушност позитивна работа и може да ви помогне да спиете подобро.

 

 

Студијата испитала 962 жени во Америка за нивните навики на спиење, и открило дека 57 проценти од жените делат кревет со друго лице, 55 проценти со куче и 31 процент со мачка.

Исто така, утврдено е дека оние кои спијат со кучиња имаат поквалитетен сон од другите, бидејќи спиењето на кучињата тесно се совпаѓа со нашето.

Loading...

Истражувањата покажаа дека тие заспиваат порано, но и се будат порано од другите.

– Ако се споредиме со човечки партнери, кучињата кои спиеле во креветот на сопственикот помалку го нарушувале спиењето и биле поврзани со посилно чувство на удобност и безбедност – објасниле истражувачите.

 

 

Одлична вест за сопствениците на кучиња, но не и за оние со мачки.

Наодите покажаа дека мачките го нарушуваат спиењето исто како и другите луѓе.

Исто така, откриено е дека мачките се поврзани со послабо чувство на удобност и безбедност отколку кучињата.

Loading...

 

Leave a Reply