10 факти за Пабло Ескобар кои веројатно не сте ги знаеле

Сподели со своите пријатели

Пред 27 години беше убиен најмоќниот криминалец во историјата, колумбискиот крал на кокаинот Пабло Ескобар.

Loading...

Малку се оние кои не знаат за приказната на Ескобар, имајќи предвид дека таа е раскажана во неколку наврати преку бројни книги, филмови, серии… Сепак, има многу детали и интересни работи поврзани со Ескобар, кои многумина од вас не ги слушнале.

Подолу ви ги пренесуваме десетте најголеми куриозитети поврзани со „Ел Патрон“.

  1. Годишно заработувал над 20 милијарди долари

 

 

Во средината на 1980-тите, картелот на Ескобар заработувал 420 милиони долари неделно, или околу 22 милијарди долари годишно.

Богатството на Ескобар се проценува на 30 милијарди долари.

Loading...

Според списанието Форбс, во 1989 година тој бил рангиран на седмото место на листата на најбогати луѓе во светот.

  1. Шверцувале 15 тони кокаин на ден

 

 

Тој шверцувал околу 15 тони кокаин секој ден во САД.

Дури 80% од вкупната количина на кокаин во САД во текот на 80-тите години на минатиот век потекнувала од рацете на Ескобар.

Со други зборови, тоа значело дека четири од пет корисници на кокаин во САД ја „шмркале“ неговата дрога.

  1. Одговорен за над 4.000 убиства

 

Loading...

 

Кога сте моќни како Пабло и кога се занимавате со трговија со дрога, тогаш е нормално дека во вашата деловна активност ќе се појават луѓе кои ќе сакаат да ве убијат.

Затоа Пабло се обидел да биде првиот што ќе испука куршум, па затоа е одговорен за над 4.000 убиства.

Ескобар бил одговорен за убиството на претседателски кандидат, министер за правда и државен адвокат, повеќе од 1.000 полицајци и 200 судии.

  1. Стаорци ги јаделе неговите милиони

 

 

Loading...

Губел околу 2,1 милијарди долари секој месец. Неговото богатство започнало да се распаѓа затоа што не можел толку брзо да ја „испере“ целата готовина.

Ескобар едноставно имал премногу пари и не знаел што да прави со нив. Тој закопал големи количини пари во колумбиските земјоделски полиња, ги скрил во трошни магацини и ги за заѕидал во sидовите на куќите на членовите на картелот.

Заработувал толку многу што отпишувал 10 проценти од парите секоја година бидејќи стаорците ги јаделе парите во магацинот или биле оштетени од вода или изгубени.

  1. Трошел 2.500 долари на гумички

 

 

Loading...

Тој трошел 2.500 долари месечно на гумени ленти со кои ги врзувал банкнотите.

  1. Запалил два милиони долари за да ја загрее својата ќерка

 

 

Додека живеел со своето семејство во тајност на планините околу Меделин, тој запалил два милиони долари за да ја загрее својата ќерка, која била премрзната.

Loading...

Настанот беше опишан во едно интервју во 2009 година од неговиот син Хуан Пабло.

  1. Го носел епитетот „Робин Худ“

 

 

Поради својата добротворна организација го добил и прекарот „Робин Худ“ затоа што донирал пари на сиромашните.

Loading...

Изградил 70 игралишта, но и домови за бездомници и зоолошка градина.

  1. Сам го дизајнирал затворот

 

 

За време на предавањето, тој се согласил со Колумбија да биде во луксузниот затвор наречен „Ла Катедрал“, кој сам го дизајнирал и изградил.

Завршил во затвор во 1991 година. Според условите на договорот со колумбиската влада, на Ескобар му било дозволено да избере кој ќе биде затворен со него, како и кој ќе работи во затворот.

Loading...
  1. Ја запознал својата сопруга кога имала 13 години

 

 

Кога започнал да излегува со својата сопруга, тој имал 24 години, а таа имала само 13 години.

Таа тврдела дека тој ја принудувал на сексуални односи на 14 години, за да се ожени со неа една година подоцна.

Loading...
  1. Инвестираше многу пари во еден локален клуб

 

 

Се верува дека тој вложил огромни суми пари во неговиот локален клуб Атлетико Национал кон крајот на 80-тите и раните 90-ти.

Во тоа време, во клубот играле играчи како Фаустино Асприла, Хуан Пабло Анхел, Хуан Кордоба, Андрес Ескобар и Рене Игуит.

Leave a Reply