Погледнете видео од пијана верверица која за многу кратко време стана sвезда на Јутуб. Сигурно ќе ве насмее!
Понекогаш, кога сме гладни или жедни, стомакот размислува побрзо од мозокот, а овие последици ги чувствуваме само по внесување на храна или течности.
Лисица пронајде трамболина, нејзината реакција стана вирална (ВИДЕО)
Доказ дека животните се слични на нас во тие ситуации е симпатична верверичка која случајно наишла на ферментирани кајсии, поради што завршила пијана после „оброкот“.
Целиот настан се случил во Велика Британија, а слаткото животно, откако јадело кајсии, започнало да се однесува чудно, односно начинот на однесување како на луѓето кои пијат малку повеќе.
Токму поради тоа однесување по кајсиите, ова малечко стана вистинска sвезда на социјалните мрежи, па многумина во коментарите под видеото се прашуваа како поминал мамурлакот.
Овие животни подобро ја разбираат љубовта од луѓето