Ричард Вилбанкс, 74-годишен пензионер од Флорида, шетал со своето тримесечно кученце Ганер околу езерото, кога мал алигатор скокнал од водата и го зграбил кученцето.
„Тој скокна од водата како ракета, не знаев дека алигаторите можат да бидат толку брзи“, изјави Вилбанк за Си-Ен-Ен.
Пензионерот рекол дека адреналинот се разбудил во него кога алигаторот го зграпчил неговото кутре, па тој веднаш скокнал по него и започнал да се бори со алигаторот за да го спаси миленичето.
Вилбанк се обидел да ги отвори вилиците на алигаторот за кучето да може да избега, во што на крајот успеал и кучето поминало само со една убодна рана.
Пензионерот претрпел малку повеќе повреди на рацете, но на крајот сите протагонисти ја преживеале средбата и се вратиле во нивното живеалиште.
Снимката од целата пресметка е снимена од камери поставени околу езерото, па пензионерот стана вистински хит на интернет, но тој признава дека во иднина ќе оди на поголема оддалеченост од езерото и ќе го чува кучето на поводник.