Ова е најскапата птица во светот: Гулабот писмоносец продаден за рекордна цена!

Сподели со своите пријатели

Гулаб писмоносец од белгиска одгледувачница беше продаден на аукција на кинески купувач по неверојатно висока цена.

Loading...

Гулабот по име Њу Ким, кој потекнува од добро позната одгледувачница во областа Антверпен, стана најскапата птица од овој вид продадена во светот.

Продадена е на кинески купувач за цели 1,6 милиони евра.

Претходно, во 2018 година, овој гулаб ја освои титулата најдобар гулаб во Белгија.

Овој Гулаб постави нов рекорд, а го држеше птицата Армандо, од друга одгледувачница во Фландрија, која беше продадена во 2019 година за 1,24 милиони евра.

– Мислам дека ова е светски рекорд, бидејќи никогаш порано не е продадена птица по толку висока цена – изјави извршниот директор на платформата Пипа, Никола Гизелбрех.

Одгледувањето гулаби е традиција која е вкоренета во Белгија, но исто така и во Холандија или на северот на Франција.

Само во Белгија има околу 20.000 одгледувачи на гулаби наменети за натпревари на високо ниво.

Loading...

Leave a Reply