Најновиот извештај на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) потврди дека во САД минатата година се регистрирани најголем број на злосторства од омраза.
Во редовниот годишен извештај на ФБИ за злосторства од омраза се наведува дека минатата година се регистрирани 7.314 вакви кривични дела, најмногу од 2014 година.
Од вкупниот број потврдени злосторства од омраза, 48,5 проценти биле извршени против припадници на афроамериканската заедница, 15,7 проценти против белци, 14,1 процент против латиноамериканци и 4,4 проценти против азијати.
Групите за борба против злосторства од омраза предупредуваат дека расистичката реторика и расната нетолеранција се зголемуваат.
Злосторство од омраза се дефинира како кривично дело „мотивирано од нетрпеливост кон одредена раса, етничко потекло, предци, вера, сексуална ориентација, лица со посебни потреби, род или пол“.
Јасмина Тасевска