Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е хоспитализиран откако минатата недела беше заразен со новиот коронавирус.
Loading...
Портпаролот на украинскиот претседател изјави дека состојбата на Зеленски не е сериозна.
– Прво беше дома, но одлучи да оди во болницата Феофанија, за да биде во изолација и да не загрози некој друг, истакна портпаролот на Зеленски.
Украинскиот претседател во понеделникот објави дека е позитивен на Ковид-19.
Марина Илиевска