Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска повтори дека неговата земја планира да го користи ракетниот систем С-400, што го купи од Русија и покрај противењето на САД.
Министерот Акар пред парламентарната комисија за буџет изјави дека армијата продолжува со тестирањата и подготовките за употреба на С-400, како што првично беше планирано.
Акар најави дека Анкара ќе разговара со Вашингтон за неговото незадоволство од интероперабилноста на системот С-400 и американскиот борбен авион Ф-35, пренесуваат американските медиуми.
-Нашата понуда за заедничка работна група е се уште на маса, додаде тој.
Турција учествуваше во изработката на компоненти за борбениот авион Ф-35 и планираше да купи сто од овие невидливи авиони.
Сашко Димевски