Американскиот претседател Доналд Трамп информирал дел од своите советници дека размислува повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, изјавија за Аксиос два извори запознати со разговорите.
Тоа е најјасен показател дека Трамп сфаќа дека ги загубил изборите во 2020 година. Засега нема коментар од официјални лица од кампањата на Трамп и Белата куќа.
Помошниците што ги советуваат републиканците, кои веројатно ќе се кандидираат во 2024 година, се плашат од можноста да биде кандидиран Трамп со оглед на огромното влијание врз милиони гласачи.
Дури и четири години по напуштањето на функцијата, тој би можел да остане фаворит на прелиминарните избори во Републиканската партија. Само тој факт може да ги замрзне амбициите, собирањето средства и екипирање на инивидуални кандидати – и на Републиканскиот национален комитет, бидејќи тој се обидува да се регрупира и да го надмине Трамп.
На денот кога беше инаугуриран, во 2017 година, Трамп поднесе документи до Федералната изборна комисија за да се квалификува како кандидат за 2020 година.
Според американските закони, претседател може да служи два мандати, кои не мора да бидат последователни.
Сања Костовска