УНИЦЕФ: 137 милиони деца во Латинска Америка се уште не се вратиле во училиште

Сподели со своите пријатели

Децата во Латинска Америка изгубија четирипати повеќе образовни денови поради пандемијата на коронавирус отколку учениците во остатокот од светот, се вели во денеска објавениот извештај на УНИЦЕФ

Loading...

Според студијата на таа организација на ООН, повеќе од 137 милиони ученици во Латинска Америка сè уште не се вратиле на училиште, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Иако училиштата постепено повторно се отвораат во повеќе делови во светот, повеќето училници низ Латинска Америка се уште се затворени, се вели во извештајот.

Повеќе од една третина од земјите од Латинска Америка и Карибите сè уште немаат одредено датум за повторно отворање на училиштата.

Евидентирани се повеќе од 11,6 милиони случаи на коронавирус во Латинска Америка и над 400 000 смртни случаи.

Сања Костовска

Leave a Reply