Масовното тестирање во Словачка за половина ја намали стапката на инфекција со коронавирус

Сподели со своите пријатели

Масовното тестирање за коронавирус и програмата за карантин во Словачка во изминатите два викенда помогнаа за преполовување на бројот на заразени лица, соопшти премиерот Игор Матович.

Loading...

Земјата со 5,5 милиони жители, тестираше 3,6 милиони луѓе, со исклучок на мали деца и некои постари лица, во првата недела од ноември, а на оние со позитивен резултат им беше дадено решение за карантин.

Изминатиот викенд беа тестирани уште околу два милиони луѓе, но само во најпогодените области. Бројот на заразени се покажа многу помал благодарение на карантинот наметнат порано. Програмата е внимателно следена од други земји, кои се борат со наглото зголемување на случаите.

– Земајќи ги предвид областите каде што беа извршени тестови за време на двата викенда, процентот на заразени падна од 1,47 отсто во првата недела на 0,62 отсто од испитаните во втората недела, рече Матович на прес-конференција.

По второто масовно тестирање, властите соопштија за 13.509 позитивни примероци, вклучително и по дополнителни тестови меѓу полицајци, домови за стари лица и компании.

– Ќе влеземе во тешка зима. Имаме исклучително ефикасна алатка како што е тестирање на антигени, што го намали процентот на заразени за 58 проценти, додаде Матович.

Тестирањето е бесплатно и доброволно, но владата воведува карантин, вклучително и забрана за одење на работа за оние кои одбиваат да бидат тестирани.

Луѓето мора да носат документи со кои се потврдува дека направиле тестови и дека се негативни.

Loading...

Резултатите од тестовите за антигени се готови во рок од 15-30 минути, но не се точни како стандардните ПЦР тестови.

Во Словачка има 76.072 случаи и 366 смртни случаи. Овие случаи беа потврдени со ПЦР тестови. За време на масовното тестирање биле регистрирани 57.462 случаи. 

Сања Костовска

Leave a Reply