Австрискиот канцелар во вторник во Париз на мини-самит за европски одговор на терористичката закана

Сподели со своите пријатели

Според Елисејската палата, Франција, Австрија, Германија и ЕУ во вторник ќе одржат виртуелен мини-самит за европски одговор на терористичката закана, веднаш по состанокот во Париз помеѓу Емануел Макрон и австрискиот канцелар Себастијан Курц, јави дописникот на МИА.

Loading...

Оваа видеоконференција, организирана една недела по џихадистичкиот напад во Виена и по оној во Ница и ужасното убивство на професорот Самуел Пати во Франција во октомври, ќе ги обедини Емануел Макрон и Себастијан Курц во Париз, канцеларката Ангела Меркел во Берлин, претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Брисел. После тоа ќе следи заедничка прес-конференција со неколкумината учесници, соопшти претседателството на Франција.

Минатиот понеделник, приврзаник на џихадистичката група Исламска држава отвори оган во центарот на Виена, убивајќи четири лица, во првиот ваков напад во последните неколку децении во Австрија. Тоа беше дел од контекстот на обновување на џихадистичките закани по нивното повторно објавување во Франција од страна на сатиричниот неделник Шарли Ебдо накарикатурите на Мухамед.

Шарл Мишел и Клеман Бон, францускиот државен секретар за европски прашања, се очекува денес  да разговараат соСебастијан  Курц за „европскиот одговор на тероризмот, особено за зајакнување на контролите на европските надворешни граници, Шенгенскиот договор и борбата против омразата преку Интернет на европско ниво“, соопшти француската амбасада во Австрија.

Во четвртокот, Емануел Макрон веќе објави дека сака двојно да ги зголеми полициските сили на границите на Франција и повика на „длабинска“ реформа на правилата што ја регулираат Шенген зоната за слободно движење во Европа, сметајќи дека борбата против илегалната имиграција е дел од борбата против тероризмот. Францускиот претседател има намера да ги претстави првите предлози во оваа насока пред Европскиот совет во декември, со цел „да се успее под француско претседателство“ во првата половина на 2022 година.

 Тони Гламчевски, Франција

Leave a Reply