Вакцината против коронавирусот се очекува во Германија да стане достапна пред првиот квартал од следната година, се наведува во националната стратегија за вакцинирање.
Во овој стратешки документ на Министерството за здравство, изготвен на 15 страници, во кој увид имале британските медиуми, се наведува дека седумте потенцијални вакцини, чие тестирање треба да се заврши оваа или следната година, во Германија можат да бидат достапни во доволно количество за почеток на националната кампања за приоритетните групи.
Станува збор за вакцините на АстраЗенека, БиоНТек со партнерот Фајзер, Модерна и Нововакс, Џонсон&Џонсон, ГлаксоСмитКланј и КјуВек.
Германија планира да воспостави централизирани секции за вакцинирање и во прв ред да ги вакцинира приоритетните групи.
Сашко Димевски