Што е поопасно за здравјето: Цигари или наргиле?

Сподели со своите пријатели

Пушењето наргиле станува сè попопуларно кај младите во светот, дури и во нашата земја.

Loading...

Повеќето пушачи на наргиле погрешно веруваат дека се во помала опасност од пушењето цигари.

Што се случува со нашето тело кога ќе ги откажеме цигарите?

За жал, тие многу грешат, бидејќи здравствените експерти тврдат дека чадот од наргиле содржи токсични материи исто колку и чадот од цигарите.

 

 

Така, Светската здравствена организација наведува дека поради големиот број вдишувања при пушење наргиле, длабочината на вдишување чад, како и должината на пушењето, консумирањето наргиле може да има полоши здравствени последици од пушењето цигари.

Loading...

Цигарите предизвикуваат депресија, наместо да смируваат

Кога станува збор за бројот на вдишувања и должината на пушењето, консумирањето наргиле трае помеѓу 20 минути и еден час и содржи околу 200 вдишувања чад. Многу повеќе отколку со цигарите. Цигарата се пуши помеѓу пет и 10 минути, вдишувајќи околу 20 пати.

Волуменот на чад во наргиле е многу поголем, околу 90.000 милилитри, а во цигарите само 500 до 600 милилитри. Во споредба со цигара, чадот од наргиле содржи повеќе олово, никел, арсен, катран и јаглерод моноксид.

Мрежата или филтерот што понекогаш се наоѓа во продолжетокот за уста на наргиле, спротивно на она што обично се смета, не може да задржи штетни материи од чадот.

Десет чекори за полесно да се откажете од цигарите

 

 

Loading...

Што се случува со вашето тело откако ќе престанете со цигарите?

Тутунот во наргиле често се збогатува со разни, пријатни вкусови како вкус на јаболка, мед, сливи, поради што потрошувачите погрешно мислат дека не содржи никотин и дека како таков е безопасен за нивното здравје.

Вистина е дека пушењето наргиле во основа е пушење тутун, па последиците се слични на пушењето цигари.

Краткорочни, гадење, повраќање, вртоглавица, малаксаност, главоболка и долгорочни воспаление на делови од органите за дишење, зголемување на крвниот притисок и забрзување на срцето.

Зошто тинејџерите експериментираат со алкохолот и цигарите?

Најголема опасност се малигните болести, како што се рак на белите дробови, хранопроводот и желудникот.

 

Loading...

 

Пушењето наргиле, исто како и пушењето цигари, може да доведе до зависност од никотин.

Не препорачуваме ниту едно, ниту друго!

Leave a Reply