Секој глас мора да се преброи, побара денеска на Твитер демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден, во време кога неколку клучни сојузни држави се уште ги бројат гласовите. Набрзо потоа, повторно на Твитер, стигна одговорот од републиканскиот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп, кој побара запирање на броењето.
Според проекциите на медиумите, Бајден во моментов има блага предност во трката за американски претседател со досега обезбедени 253 електорски гласа, од вкупно потребните 270 за победа и влегување во Белата куќа, додека кандидатот на републиканците Трамп има 213 гласа.
Резултатите од изборите, сепак, се уште не се познати во Аризона, Џорџија, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Алјаска.
Сашко Димевски