Бројот на жртвите на разорниот земјотрес во Турција се искачи на 115, а спасувачите се концентрираа на претрага на две урнати згради во Измир, соопштија денеска единиците за катастрофи и вонредни ситуации.
Loading...
Земјотрес со јачина од скоро седум степени го погоди Измир во петокот, но и грчкиот остров Самос, и тој се смета за најразорниот земјотрес во последните 10 години. Во земјотресот беа повредени 1.035 лица, од кои 137 се уште се во болница.
После тој потрес, регистрирани беа 1.670 последователни земјотреси. Повеќе од 4.600 шатори и привремени кревети се поставени во засолништа.
Златко Шумковски