Трамп: Победуваме, но одиме на Врховен суд да запреме пребројување на гласовите

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на републиканците за претседател на САД, Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа прогласувајќи победа на изборите, иако изборната комисија не ги преброи сите гласови и ги обвини демократите дека се обидоа да ги обесправат неговите гласачи, наведувајќи дека тие нема да го дозволат тоа.

Loading...

– Искрено, победивме, иако не се преброени сите гласови. Му благодарам на американскиот народ за големата поддршка. Милиони и милиони луѓе гласаа за нас денес, но една тажна група на луѓе се обидува да ги обесправи. Нема да го дозволиме тоа. Се подготвувавме за голема прослава, рече Трамп.

Тој додаде дека ќе оди во Врховниот суд и ќе побара да се запре гласањето, наведувајќи дека е очигледно дека републиканците водат во преостанатите неколку држави и дека Бајден и демократите не можат да ги достигнат.

Трамп додаде дека републиканците победија со „рекордни бројки“ и дека „резултатите се феноменални“.

– Не очекувавме да победиме на Флорида, но бевме убедливи. Го освоивме Охајо, Тексас, ја освоивме Џорџија, каде што тие не можат да не достигнат, истиот случај е со Северна Каролина. Најважно е да водиме убедливо во Пенсилванија. Мичиген е наш, како и Висконсин. Тие велат дека ја изгубивме Аризона, но се уште не е готово. Можеби ќе ја изгубиме, но разликата не е голема, нагласи Трамп.

Претседателот на САД вели дека знаел дека „ова ќе се случи“, односно дека резултатот од изборите ќе се бара на суд.

– Без разлика дали победивме или загубивме, знаев дека ќе одиме на суд. Го реков тоа првиот ден кога (демократите) започнаа да инсистираат на испраќање гласови рано по пошта. Бевме подготвени да славиме денес и победивме, но сведоци сме на голема измама за нашата нација. Ова е тажен момент за мене, заклучи тој.

Потпретседателот Мајк Пенс исто така рече дека Трамп е победник на изборите

Loading...

– Верувам со целото свое срце и со разликата што ја направивме, дека сме на патот кон победата и дека повторно ќе ја направиме Америка голема, нагласи Пенс.

Златко Шумковски

Leave a Reply