Белен: Омразата нема да најде плодна почва во Австрија

Сподели со своите пријатели

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен по повод синоќешниот терористички напад во центарот на Виена, денеска изјави дека омразата никогаш нема да биде посилна од единството во слободата, демократијата и љубовта.

Loading...

Ван дер Белен во обраќање до нацијата рече дека Австрија има страшна ноќ зад себе, бидејќи во центарот на Виена гнасно е извршен напад врз срцето на Австрија.

Во терористичкиот напад загинаа четири лица, 17 лица беа повредени, а полицијата го уби и напаѓачот, 20-годишен приврзаник на Исламска држава.

Белен посочи дека нападот очигледно бил мотивиран од исламизам, нешто што е најлошо во поновата историја.

Тој изрази сочувство до повредените кои се борат за живот и сочувство до семејствата на жртвите, но и благодарност до полицијата, војниците кои со своите животи ја бранат безбедноста на земјата, како и на службите за итни случаи за нивната пожртвуваност.

Белен посебно и се заблагодари на меѓународната заедница која обединето и солидарно застана со Австрија.

– Атентатот беше насочен против сите нас кои го цениме животот во слободно општество. Тој е насочен против слободното општество, во кое се живее со меѓусебно почитување, против либералната демократија. Живот што терористите очигледно го мразат од дното на душата. На територијата на Европа со векови е водена претешка борба за демократија за да се предадеме така лесно, рече Ван дер Белен.

Тој истакна дека омразата нема да најде плодна почва во Австрија.

Loading...

– Ние нема да дозволиме оваа омраза да не зарази, туку ќе ги заштитиме нашите вредности и демократии. Порачуваме дека омразата никогаш не може да биде посилна од нашето единство во слободата, демократијата и љубовта. Да живее слободата, нашата Република, нашата заедничка мирољубива Европа, заклучи австрискиот претседател.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply