Најмалку 102 жртви во земјотресот во Турција

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција се искачи на 102, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), јави агенцијата Анадолија.

Loading...

АФАД соопшти дека вкупно 143 лица се на лекување, односно од 1.026 повредени лица, 883 луѓе се отпуштени од болница.

Активностите за пребарување и спасување во Измир се завршени во 12 од 17 згради, продолжуваат во уште пет згради.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени во петокот го погоди Измир, третиот по големина град во Турција, каде живеат околу 4,37 милиони луѓе.

 Јасмина Тасевска

Leave a Reply